среда, 4 декември 2024

„Оган и чад“, збирка раскази од Паскал Гилевски

Во издание на Матица македонска од Скопје, излезе од печат збирката со раскази „Оган и чад“ од познатиот македонски писател Паскал Гилевски. Во книгата застапени се 12 раскази, создавани во последниве три децении, во кои како на филмско платно се пресликуваат чеовечки судбини и реални настани од нашето секојдневие.

Објавено на

часот

Сподели

 

Паскал Гилевски (1939, Сетома, Егејска Македонија) е автор на 15 романи, шест збирки со раскази, на четири стихозбирки и на 12 книги со критики и есеи посветени на македонската литература и на сликарството. Во изминатите шест децении има преведено над двесте книги од унгарски, грчки, француски, руски, бугарски и српски јазик.

За неговата книжевна и преведувачка дејност добитник е на бројни национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на наградите „Стале Попов“, „Рациново признание“, „Григор Прличев“, „Златно перо“, како и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ