Ливаковиќ утринава го финализираше договорот за трансфер во Фенербахче, турскиот клуб официјално објави.
„Нашиот клуб постигна договор со фудбалерот и неговиот клуб Динамо Загреб за трансфер на Доминик Ливаковиќ. Фудбалерот денеска ќе ги помине медицинските тестови и ќе го потпише договорот“, стои во соопштението на Фенербахче.
Се шпекулира дека клубот од Истанбул за капитенот на Динамо Загреб ќе плати околу 9 милиони евра, плус 1 додаден милион во бонуси.