На ова остро се противеше одбраната детално аргументирајќи зошто Законот за кривична постапка не дозволува воопшто да се чита исказ на непредложен сведок независно дали во истиот има предјавено имотноправно барање.
„Но после оваа дозвола следуваше нов дебакл на јавното обвинителство бидејќи кога еден од записниците беше даден на увид на одбраната истата даде приговор дека името и презимето за наводно сослушаниот сведок под кое што стои потписот на сведокот, всушност е лице кое во тоа време било починато, по што Судот го одби ваквиот доказ. Срамот не запре бидејќи обвинителката изјави дека таа ќе си го чита тој записник затоа што името било техничка грешка. На ова судот беше принуден да ја опомене дека не смее да чита доказ кој што судот ѝ го одбил. Дали денешното случување е врв на конфузијата на обвинителката што го води предметот или пак дел од начинот на конструирањето на предметот против Жан Митрев во кој што дури е подметнат записник во кој на местото со потпис од сведок е наведено името на сведок кој при потпишувањето бил починат“, велат од одбраната за деношото рочиште.