вторник, 15 октомври 2024
Поранешниот косовски претседател во Хаг

Одбраната на Тачи тврди дека тој не ја контролирал УЧК во времето на злосторствата

Објавено на

часот

Сподели

Тачи и тројцата други обвинети одговараат по 10 точки на обвинението за прогон, убиства, мачења и присилно исчезнување на луѓе за време и набрзо по конфликтот во 1998-1999 година кој доведе до еднострано прогласување независност на Косово од Србија. Тачи денес пред специјалниот суд за воени злосторства кажа дека чувствува „тага и бол“ за сите жртви на конфликтот на Косово во 1998-1999 година.

„Хашим Тачи не ја контролирал УЧК, командантите на зоните контролирале“, кажа адвокатот Грегори Кехо на вториот ден на судењето на Тачи во Хаг. Обвинителите во понеделникот кажаа дека обвинетите воделе насилна кампања против политичките противници и малцинските етнички Срби и Роми за да стекнат целосна контрола.

Стотици нивни жртви биле сместени во затвори низ Косово во страшни услови, а 102 биле убиени, според обвинението. Повеќето жртви биле Албанци. Според одбраната, Тачи не негира дека злосторствата ги извршиле Албанци.

„Но не признава дека злосторствата биле извршени како политика на лидерите, како што тврди обвинителството“, кажа Кехо. Одбраната тврди дека Тачи, освен што немал контрола над УЧК, немал ни мотив да ги врши воените злосторства бидејќи знаел дека ќе ја изгуби поддршката од Западот, особено од Соединетите Американски Држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ