Со неа на странките им се гарантира дека спорот ќе се решава пред судот кој тие го избрале со спогодбата за избор на суд и дека истата таа пресуда ќе може да се признае и изврши во некоја од другите земји потписнички .Од друга страна пак ,на државата и се овозможува да оствари некои свои јавни политики, на начин што и се гарантира почитувањето на неколку основи за исклучива нејзина надлежност за одредени прашања.
Конвенцијата преставува инструмент кој ќе обезбеди поголема правна сигурност за прекуграничниот бизнис и да креира поволна клима за меѓународна трговија и вложување. Конвенцијата е обврска и од извештаите на Европската Комисија за напредокот на Македонија, како и годишните состаноци на Поткомитетот за правда и внатрешни работи помеѓу Македонија и Европска Унија.