„Оваа линија ќе биде во функција секоја сабота и недела и очигледно ќе влијае не само на зголемување на бројот на туристи, туку и на олеснување на сообраќајот на овој патен правец. Патниците ќе се превезуваат со автобуси на Тетово Транспорт, со што граѓаните ќе можат полесно да патуваат до овој туристички центар. Евентуално, доколку настане хаос во сообраќајот, автобусите ќе застанат на местото викано Сидол, од каде ќе се врши превоз со комбиња до крајната дестинација“, информираа од Општина Тетово.
Од Тетово до Попова Шапка автобусите ќе тргнуваат во 8, 10, 12 и 15:30 часот, а во градот ќе се враќаат еден час подоцна од овие термини.