„На 22 март година се склучи договор за продажба на фабриката Еуроникел индустри од страна на Комерцијална банка АД Скопје со компанијата Полиникел Холдинг БВ, дел од групацијата Јилдрим груп, а преку новоформираната компанија Дабл игл“, соопштија од градоначалничкиот Кабинет.
Притоа се нагласува дека Општина Кавадарци и Комерцијална банка се среќни што оваа фабрика за производство на фероникел, по завршување на законските регулативи, ќе започне со производство и пред сѐ ќе ги повлече на работа сите вработени кои беа дел од фабриката, но и сите компании кои се директни добавувачи на фабриката.
„Општина Кавадарци со градоначалникот Митко Јанчев и Комерцијална банка АД Скопје ќе се залагаат според сите правни и законски можности, заедно со стечајнииот управник, преку стечајната постапка на Еуроникел индустри, да се обештетат вработените и сите останати доверители“, се вели во информацијата од кабинетот на Јанчев.