понеделник, 14 октомври 2024

Од САД во вселената e лансиран Темпо, нов инструмент на НАСА за мерење на загадувањето

Објавено на

часот

Сподели

Овој инструмент треба да овозможи попрецизно следење на ширењето на загадувачите од претходно, од нивниот извор и целиот пат додека се шират од ветрот.

Неговата примена е повеќекратна – подобрување на предупредувањата до населението во случај на лош квалитет на воздухот, подобро одредување каде треба да се постават нови детектори на тло или помош во истражувањето на влијанието на атмосферските загадувачи врз здравјето.

Може да се користи и за следење на загадувањето предизвикано од пожарите, кои се се почести поради климатското затоплување.

Сателитите кои досега се користеа за собирање на ваков тип на податоци во САД се поставени на висина од околу 700 километри и прават круг околу Земјата околу петнаесет пати на ден.

Темпо, кој тежи нешто помалку од 140 килограми, ќе биде прикачен на сателит во геостационарната орбита на височина од 35.000 километри. Ќе ротира околу Земјата во исто време кога таа ротира околу себе, што ќе му овозможи постојано да биде над северноамериканскиот континент.

Сателитот тргна во 0:30 часот по локално време (6:30 часот по средноевропско време) на ракетата Фалкон 9 на Спејсекс од вселенскиот центар Кенеди во Флорида.

Тој сам ќе се постави во орбитата, за што ќе биде потребно околу две недели, рече Жан-Лук Фрелигер, потпретседател на Интелсат.

Темпо, кој ќе работи најмалку две години, но речиси сигурно и многу подолго, се придружува на флотата од околу 25 сателити на НАСА наменети за набљудување на Земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ