Следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува и до 40 степени.
На повеќе места ќе биде активиран портокалов аларм за опасност од високи температури.
В среда и четвртвок ќе дојде до промена на временските прилики, регионот ќе биде под влијание на влажен воздушен бран кој ќе донесе невреме и поројни дождови.