вторник, 8 октомври 2024

Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до денар ипол

Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), eуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, eуросупер БС-98 за еден денар, а dизелот и eкстра лесното масло за домаќинство за денар ипол.

Објавено на

часот

Сподели

Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според новата одлука на РКЕ, eуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, eуросупер БС-98 за еден денар, а dизелот и eкстра лесното масло за домаќинство за денар ипол.

Новата цена на eуросупер БС-95 ќе биде 73,5 денари за литар, eуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар, а дизелот по цена од 67 денари за литар. Новата цена на eкстра лесното масло за домаќинство ќе биде 66 денари за литар.

Малопродажната цена на mазутот М-1 НС се намалува за 0,989 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,328 денари за килограм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ