четврток, 10 октомври 2024

Од ноќеска на полноќ нови цени на нафтените деривати

Од полноќ поевтинуваат еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, а дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за половина денар.

Објавено на

часот

Сподели

Согласно одлуката на РКЕ, еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 86 денари за литар, а еуросупер БС-98 по цена од 88,5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 86 денари за литар. 

Непроменета останува малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство од 85 денари за литар. 

Со новата одлука на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,25 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ