„Силно веруваме дека во повторното судење ќе биде потврдена првата одлука и Алијансата за Албанците ќе се врати на апсолутното мнозинство на своите членови, кои застанаа зад Зијадин Села, на основачите и легитимното раководство на субјектот, кои беа потврдени во едиствениот легитимен Конгресот и тоа го докажавме со сите законски и статутарни процедури, потребната документација и потписите на легалните делегати. Секоја друга изјава, предвремен триумфализам и извртување на вистината, има за цел да предизвика забуна во јавноста и да се дефокусира од вистинските проблеми, од секојдневните скандали на оваа моноетничка власт. Арбен Таравари мора да даде одговорност за врските со Душко Павловски, добиените тендери и градежните дозволи, како и за кворумот што нивните пратеници го обезбедија за Законот за бранители“, изјави Азири.
Апелацискиот суд Гостивар го врати судењето од почеток по пресудата на Основниот суд Тетово кој одлучи дека печатите од партијата Алијанса за Албанците му припаѓаат на Зијадин Села.