Фестивалот годинава ќе го отвори супериорно најдобрата и најпопуларна џез-пејачка во светот, трикратната Греми лауреатка Сесил Меклорин Салвант од САД со нејзиниот блескав квартет во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти, Саливан Фортнер.
Опишана од Џеси Норман како „уникатен глас поткрепен со интелигенција и апсолутна музикалност“, Салвант се прослави со својата способност да откопува заборавени песни, оживувајќи ги со силни наративи, неочекувани пресврти и богата емоционална длабочина. Концертите на Сесил Меклорин Салвант се неповторливи доживувања, во кои таа покажува неверојатно чувство и талент за раскажување приказни.
Фестивалската програма годинава е исклучително силна, внимателно селектирана и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите светски имиња на современиот џез и креативната музика денес:
17 октомври
НОБ, 20:00 >> Cecile McLorin Salvant
МКЦ, 23:00 >> Next to Silence
18 октомври
НОБ, 20:00 >> Rodrigo Amado Тhe Bridge • The End
19 октомври
НОБ, 20:00 >> David Virelles • Rob Mazurek Exploding Star Orchestra
МКЦ, 24:00 >> Alabaster DePlume
20 октомври
НОБ, 20:00 >> Nicole Mitchell & Mark Sanders • Fire! Orchestra
Програма плус
12 октомври, AудиоКултура, 20:00 >> Промоција на CD: Next to Silence – ‘Ruh’
16 октомври, Галерија МКЦ, 19:30 >> Rob Mazurek: Radical Chimeras – изложба
16 октомври, Кино Фросина, 21:00 >> Miles Davis: Birth of the Cool – докум. филм
19 октомври, Јуроп Хаус, 12:00 >> Jazz for Kids – работилница за деца.