Полноправното членството во НАТО бара активно учество во заедничките вежбовни активности со што се зголемуваат и одбранбените способности на Алијансата за одбрана и одвраќање, во рамки на коишто е и оваа вежба, соопшти владината служба за информирање по денешната седница на Владата.
На предлог на Министерството за одбрана Владата донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Македонија за учество на вежбата „Saber Strike 24“ во Сојузна Република Германија и во Република Полска.
Вежбата ,,Saber Strike 24“ е во организација на Европската команда од вооружените сили на САД, на којашто покрај припадници од вооружените сили на САД, учество е предвидено да земат и претставници од Обединетото Кралство, Германија, Полска, Хрватска, Холандија, Италија, Литванија, Белгија, Шпанија и Чешка. Вежбата, според ресорното министерство, ќе придонесе за обновување на стекнатите знаења и стекнување со дополнителни знаења на персоналот на Армијата, за подготовка на единици за извршување на здружени мултинационални операции, се вели во соопштението на Владата.