Евертон утре гостува кај Манчестер Сити, па на денешната прес конференција на Шон Дајч неизбежни беа прашањата за случаите против „карамелите“ за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.
Клубот од Гудисон веќе остана без 10 бода, а наскоро можат да добијат нова слична казна, додека пак нема никаков абер за случајот на „граѓаните“, кои се обвинети дека преку 100 пати ги прекршиле правилата за ФФП.
„Исто како и сите други, и јас се чудам зошто правилата се едни за Евертон, а други за Манчестер Сити?“ – вели тренерот Шон Дајч.
„Не ги знам точните бројки, но ги имаа прекршено павилата повеќе од 100 пати, така?“
„Не сакам да ставам сомнеж врз Манчестер Сити. Не знам дали навистина ги прекршиле правилата или не. Едноставно, долго време се зборува за нивниот случај, а се уште нема никаков абер. За нас прилично брзо беше донесена одлука, па се прашувате зошто баш Евертон? Што се случува со другите?“