среда, 9 октомври 2024

Обвинителството предложи судење на Трамп на 4 март, во екот на претседателската кампања

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителката Фани Вилис отвори кривична постапка против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и како датум за судење го предложи денот што е еден ден пред Супер вторник, кога гласачите во повеќе од десет американски држави го избираат републиканскиот претседателски кандидат, пренесува Ројтерс.

Обвинителката на округот Фултон, Фани Вилис, во средата го поднесе својот предлог во форма на судски поднесок и предложи обвинетите да бидат приведени и да се изјаснат за вината во првата недела од септември.

Адвокатите и портпаролот на Трамп не одговорија веднаш на барањето за коментар, пишува Ројтерс.

Големата порота во округот Фултон во вторникот го обвини Трамп и 18 други лица за обид да го поништат поразот на изборите во 2020 година од актуелниот американски претседател Џозеф Бајден.

На Трамп треба да му се суди во март во одделен случај во Њујорк, каде што е обвинет за фалсификување деловни документи поврзани со исплати на порно актерка за да молчи за нивната наводна афера.

Потоа, во мај, Трамп треба да се појави пред федералниот суд по обвиненијата покренати од специјалниот обвинител Џек Смит за наводно незаконско задржување доверливи претседателски документи и попречување на владините напори да ги преземе од Трамповиот имот Мар-а-Лаго на Флорида.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ