сабота, 9 ноември 2024

Обвинителството отвори предистрага против шест полицајци од затворот Идризово

Предметен јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи (МВР), започна предистражна постапка против шест затворски полицајци вработени во Казнено поправната установа (КПУ) Идризово. Полицајците Лицата се осомничени дека сториле кривично дело овозможување бегство на лице лишено од слобода, информира Јавното обвинителство.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според наводите во кривичната пријава на 1 февруари 2023 година, осомничените затворски полицајци вработени во затворот Идризово, додека биле на смена и постапувале по наредба за извршување на работните задачи за наведениот ден, како соизвршители, спротивно на одредбите од Законот за извршување на санкции и Правилникот за овластувањата на затворската полиција и начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција, со давање лажни податоци/изјава спрема раководните затворски полицајци овозможиле бегство на седум правосилно осудени лица кои издржувале казна затвор во отвореното одделение во затворот Идризово.

„Ценејќи дека се исполнети условите, а заради непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка предложи на петмина осомничени да им бидат определени мерки на претпазливост како поблаги мерки за обезбедување присуство, забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи судијата на претходна постапка, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица – осомничените во оваа постапка, како и Забрана за преземање на определени работни активности – затворски полицаец, а кои се поврзани со кривичното дело. За еден од осомничените истите мерки се определени во друг предмет што се води против него“, информираа од ОЈО ГОКК.

За ова кривично дело согласно Кривичниот законик е предвидена казна затвор од три месеци до пет години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ