недела, 10 ноември 2024

Обвинителството да истражи кој дозволил струмичани да пијат загадена вода, побара Трипуновски

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска, на заедничка прес- конференција со директорот на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов, директорот на Водостопанство Филип Филиповски и директорката на Институт за јавно здравје Марија Андоновска, соопшти дека Владата ѝ нуди помош на Општина Струмица за решавање на проблемот со водата за пиење.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Трипуновски ја оцени ситуацијата како еколошка катастрофа и го впери прстот директно во градоначалникот Костадин Костадинов. Воедно апелира надлежните институции и Јавното обвинителство да го испитаат случајот зашто, како што рече, некој дозволил дистрибуирање вода која не треба да ја пијат граѓаните, а доведувањето во прашање на нивното здравје е кривична одговорност.

Според министерот, и во изминатите месеци водата бактериолошки не била исправна. Овие податоци, напомена, некој треба да ги провери и ако има основа, да се поведе одговорност.

„Законска обврска на општината е да им обезбеди здрава и квалитетна вода за пиење на граѓаните. Но, гледаме безидејност од локалната самоуправа, а колатерална штета се граѓаните. Ние нудиме помош, сакаме интервентно да помогнеме. На координативен состанок вчера, ги анимиравме сите плански региони во државата за да се помогне со квалитетна питка вода, додека не се реши проблемот, а ако треба и да се инвестира во системи за подобрување на квалитетот на водата во фабриката, зашто некој го преспал мандатот и според експерите, опремата е многу стара, не е воопшто модернизирана. Некој требал навреме да инвестира во системите, за водата да биде птика и тоа е обврска на локалната самоуправа. Ќе повторам, стоиме целосно на располагање за решавање на проблемот со немањето вода за пиење во Струмица. Надлежните органи да покренат истрага зашто и во минатото имало зголемено количество манган и одредени бактерии, но тоа институциите да го проверат“, потенцира Трипуновски.

Струмица се снабдува со вода за пиенње од браната Турија. Веќе седум дена водата не смее да се пие поради присуство на поголемо количество манган. Градоначалникот Костадин Костадинов вчера на седница на Советот на Општината рече дека Струмица е пред еколошка катастрофа ако проблемот не се реши во најскоро време. Како што оцени, изворот на загадувањето и неможноста да се прочисти водата е во браната Турија од каде доаѓа сурова вода со големо присуство на манган. Тој уште еднаш упати повик до сите надлежни, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Водостопанство и Министерството за екологија и просторно планирање, да се седне и да се разговара за решавање на овој проблем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ