среда, 11 декември 2024

Обвинителството бара притвор за тројца од приведените пет лица во врска со исчезнувањето на Вања Ѓорчевска

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР и од Обвинителството апелираат да не се објавуваат непроверени информации и укажуваат дека се работи за сензитивен случај. Други податоци не се соопштуваат.

„Во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази. За тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот. Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани.“, се вели во соопштението на ЈО.

Вчера министерот Спасовски рече дека покрај петте лица обезбедено е и едно возило кое е одземено и дека истрагата за случајот продолжува и дека нови информации ќе бидат споделени кога ќе може конкретно нешто да биде соопштено.

Четрнаесетгодишната Вања Ѓорчевска исчезна пред седум дена во центарот на Скопје, кога утрото тргнала кон училиштето „Песталоци“.

Во потрагата по девојчето се вклучени и државите од регионот, потерницата е објавена и преку Интерпол.

џ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ