среда, 11 декември 2024

Обвинителството бара притвор за гостиварецот кој вчера бегајќи од полицијата во возење фрлал пушка и куршуми

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар донесе наредба за спроведување истрага поради основано сомнение дека 30 годишен гостиварец за сторено кривично дело неовластено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи.

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот 30-годишен гостиварец, на 6 ноември управувал автомобил мерцедес –А класа по магистралниот пат А2, во правец Маврово-Гостивар. Кај асфалтната база – каменолом Јефута полициски службеници му дале знак да застане заради контрола и преглед на возилото. Но, тој не ја почитувал дадената наредба и со голема брзина се упатил кон Гостивар. Полицајците се впуштиле во потера и го следеле со службени возила и во близина на Здуњски мост забележале дека преку прозорот на автомобилот фрлил автоматска пушка. Осомничениот подоцна бил запрен и приведен, а била пронајдена и автоматската пушка со вграден бајонет, чие поседување за граѓаните е целосно забрането, како и рамка со два куршуми со калибар 7,62 милиметри“, информираше Јавното обвинителство.

Оттаму дополнуваат ека со оглед на тоа што во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да се обиде да влијае врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ