недела, 13 октомври 2024

Обвинителот Јовески мора да биде на располагање во врска со трагедијата во модуларната болница, рече премиерот

Објавено на

часот

Сподели

„Дел од документите кои што се однесуваат на спроведената постапка во тоа време, се во надлежност на Министерството за здравство. Сите тие документи се доставени до надлежните истражни и правосудни органи. Постои друг дел на документација која што е нарачана исклучиво од Обвинителството. И тука се однесува и на вештачењето кое што вие го споменавте. Тоа вештачење не е во домен на Владата, јас ги немам видено. Одговор единствено можат да дадат  тие што го нарачале вештачењето“, рече премиерот.

Ковачевски одговори дека прво треба да завршат правосудните постапки во однос на исплатата на парите за дел од модуларните болници.

„Претходниот министер за здравство има нарачано ревизија. Таа ревизија е доставена до Владата заедно со документите кои што се однесуваат на неплатените модуларни болници. И сметам дека врз основа на сите тие документи, Владата, која сепак е колективен орган при одлучувањето, ќе го изврши плаќањето. Мојот став е дека тоа ќе биде извршено“, рече тој. 

Претходно денеска, Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата побара оставка од Љубомир Јовески од функцијата државен јавен обвинител. Според Платформата, од документарецот произлегува дека истрагата на Јавното обвинителство за пожарот во модуларната болница во Тетово не е целосна и дека не ги цени доволно заклучоците изнесени во Службената експертиза на германските експерти.

Во пожарот во тетовската модуларна болница во 2021 година својот живот го загубија 14 лица. Во врска со случајот, Тетовскиот суд изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Ослободителна пресуда беше донесена за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото „непостапување по здравствени прописи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ