вторник, 15 октомври 2024

Обвинение за Нефи Усеини, поранешниот советник во Општина Охрид

Денешното соопштение на Основното јавно обвинителство Охрид за тоа дека бил поднесен обвинителен акт против две лица за кривично дело бесправно градење, се однесува и на Нефи Усеини, познат бизнисмен и пованешен советник во Општина Охрид од ДУИ.

 

Објавено на

часот

Сподели

Според обвинението, осомничените Н.У. и С.Ш., како соизвршители, лани на 27 јули почнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган.

На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност.

Против првиот обвинет во овој предмет се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид, соопшти ОЈО Охрид.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ