среда, 22 јануари 2025

Обвинение за кавадарчанката која се обиде да ја убие мајка си

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци  до надлежниот суд поднесе обвинение за кривично дело убиство во обид при битно намалена пресметливост.

Објавено на

часот

Сподели

Според обвинението, обвинетата на 10 септември годинава, во семејниот дом во Кавадарци, при вршење семејно насилство, се обидела да ја убие сопствената мајка со која живееле во иста куќа. Додека жртвата спиела, обвинетата со чекан ја удрила повеќе пати во главата со што и нанела тешки телесни повреди. Потоа чеканот го фрлила во дворот на куќата и не го довршила делото.

„Согласно извршените вештачења е утврдено дека обидот за убиство го сторила во услови на битно намалена пресметливост предизвикана од психички растројства, повеќестепена употреба на лекови и психоактивни супстанции. Бидејќи сѐ уште постојат законските основи, јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата“, информираа од ОЈО Кавадарци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ