сабота, 25 јануари 2025

Обвинение за четворица пиромани што ги палеа македонското и албанското знаме

Основното јавно обвинителство (OJO) Скопје денеска информираше дека ја завршило постапката и до надлежниот суд поднело обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови го извршиле кривичното дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа. За четворицата на кои во текот на претходната постапка им беше определен притвор, јавните обвинители побараа од Основниот кривичен суд Скопје да им ја продолжи притворската мерка.

Објавено на

часот

Сподели

„Тројца од обвинетите на 28 ноември, по повод прославите на Денот на албанското знаме, со палење, уништување и кинење на државното знаме на Република Северна Македонија предизвикале чувства на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и го изложиле на подбив националниот симбол. Четвртиот обвинет, неколку дена подоцна, на 2 декември, со палење го оштетил знамето на друга држава – Република Албанија, со што исто така предизвикал омраза и нетрпеливост. Дејствијата на сите обвинети предизвикале говор на омраза што на критичните денови се манифестирал особено на социјалните мрежи со тенденција да прерасне во нови инциденти на насилство“, информираа од ОЈО Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ