петок, 29 ноември 2024

Oбновени 19 мостови во Градски парк и реновиран Халк корнерот во Лептокарија

Халкбанк АД Скопје, во рамки на својата платформа за одржлив развој и заштита на животната средина HalkEco, изминатиот период ги заврши активностите за повторно обновување на 19 пешачки мостови во Градскиот парк, во Скопје, како и обновување на зелениот Халк корнер во трговскиот центар Лептокарија, во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Овие активности се дел од заложбите на Халкбанк како општествено одговорна компанија, активно да работи на создавање подобри услови за сите граѓани преку поддршка на инфраструктурни и еколошки проекти.

Проектот за реновирање на мостовите опфати премачкување на металните конструкции со антикорозивна боја, како и чистење на површините, со цел мостовите да останат безбедни, издржливи и функционални за сите посетители на паркот.

Истовремено, зелениот Халк корнер во Лептокарија, кој претставува вистинско забавно и еко катче, доби обновена и репарирана опрема. Ова место продолжува да служи како простор за дружба и релаксација, кој ги обединува граѓаните од сите возрасти и дополнително го разубавува урбаниот пејзаж на Општина Карпош.

Ова не е првпат Халкбанк да инвестира во овој сегмент. Во 2020 година, банката изврши целосно реновирања на мостовите, како и целосна изградба на Халк корнерот, а со тековните активности, уште еднаш ја покажува својата долгорочна грижа за заедницата и животната средина.

Токму преку вакви иницијативи, Халкбанк покажува дека е повеќе од финансиска институција – таа е активен поддржувач на заедницата, институција која инвестира со визија и грижа за секојдневието на граѓаните.

Koмерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ