Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува.
Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 1 до 5, а максималната од 8 до 15 Целзиусови степени.