Во Скопје претежно облачно и тивко со услови за појава на магла.
Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2), а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 1 до 8, а максималната од 5 до 11 Целзиусови степени.