сабота, 18 јануари 2025
Време

Облачно, попладне дожд и снег

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 15 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. На места ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 5 до 14 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ