Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината наутро магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 10 степени.
Поради продор на постудена воздушнамаса ќе има појава на слаб снег, а до среда ќе се задржи северниот ветер кој повторно ќе засилува.
Во среда и четврток краткотрајно ќе биде стабилно, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има појава на слаб дожд, на планините понекаде ќе провејува снег. Утринските температури до крајот на работната недела ќе бидат во опаѓање, соопшти УХМР.