петок, 6 декември 2024

Објавена македонска видеоигра „Необичната приказна на Брајан Фишер: Второ поглавје“

Од 8 ноември истовремено на дигиталните продавници Steam и Xbox.com, во продажба се појави вториот дел од македонската видеоигра „Необичната приказна на Брајан Фишер“ (The Strange Story of Brian Fisher: Chapter Two).

Објавено на

часот

Сподели

Играта е мистерија и бара креативно размислување – откако Брајан се ослободи од старата колиба во шумата (каде што заврши првиот дел од играта), тој започнува со необично патување низ времето. Се буди 30 години во минатото, како 9-годишно дете заробено во огромната летна куќа на неговото семејство, изградена врз карпите над реката Редстоун. Преку решавање загатки, играчот треба да му помогне да се врати во сегашноста, за да ја реши мистеријата позади исчезнувањето на неговиот татко.

Оваа видео игра е македонски производ на компаниите Интетик од Скопје и Камај медиа од Битола, и е авторски производ на Ристе Тутурески, сопственик на Интетик.

„Македонија можеби е мала, но, е преполна со талент, генијалност и креативност. Огромна благодарност до нашиот неверојатен тим, чија посветеност и труд го донесоа овој проект до играчите ширум светот. Денес сме горди што ја претставуваме исклучителната умешност и визија на нашиот тим пред целиот свет. Да продолжиме да се поддржуваме едни со други, да ги славиме нашите успеси заедно и да го уживаме патувањето заедно. Уживајте во играта и да го оставиме нашиот белег во светот“, изјави Тутурески.

„Ова е една од мал број на видеоигри кои можат во целост да се играат со македонска нарација и македонски текст. Играта нема насилство, нема убивање, нема содржина за возрасни. Може ја играат луѓе на возраст од 7 до 77 години. Приказната е интересна, а загатките се со добро осмислен предизвик“, вели Петар Котевски, основачот на Камај медиа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ