„Гласот на тишината“ имаше европска премиера на Синедејс, фестивалот на европски филм, а светската премиера беше во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
Проекцијата на првиот долгометражен филм на Павлов можеше да се проследи во Кинотека, Котур и 3Д кино Битола, а како што информира авторот, во моментов се договара и негова интернационална дистрибуција.
Освен во Скопје и во Битола, тој најавува проекции и во други македонски кина, за да може да биде достапен на поширока публика.
Павлов во моментов работи на својот втор долгометражен филм насловен „Емил, врати се“.