„Идејата за одбележување на празникот ја инициравме десетина луѓе за време на карантинот, кој беше воведен поради корона – вирусот. Првата прослава ја организиравме во 2020 година, а од година во година бројот на присутни расте. Ние,ја сакаме Македонија, но можеби карантинот ни даде повеќе слободно време па дојдовме на идеја да почнеме една убава манифестација“, велат од Обединето Нерези.
Покрај жителите на Нерези, на прославата доаѓаат и граѓани од другите скопски населби. Собраните средства од прославата, Обединето Нерези, ги донира на оние на кои им се најпотребни.
Оваа година гостите ќе ги забавува диџеј. Организаторите ги канат сите заинтересирани кои сакаат да го прослават заедно со нив Денот на независноста, да дојдат на игралиштето Нерези.