Обама ја наведе „чудната опсесија на Трамп со големината (на публиката)“, при што неговите гестови со раката очигледно инсинуираа големина на нешто друго, пишува Форбс.
Обама наведе некои од најчестите забелешки на Трамп, вклучително и „детски прекари, луди теории на заговор“ и „оваа чудна опсесија со големината на толпата“.
Barack Obama explains why Donald Trump is so obsessed with “Crowd Sizes”. 😂😂😂#TinyTrump #NoDickDonald #StormyKnows#MAGA #TrumpIsDone #MAGAIsOver #HarrisWalz2024 #VetsAgainstTrump #DNC #VoteBlue pic.twitter.com/CzCNWeqGtd
— Web Godfather (@NickLongo) August 21, 2024
Претходно овој месец, Трамп во серија објави лажно тврдеше дека потпретседателката Камала Харис користела вештачка интелигенција за да изгледа дека повеќе луѓе се присутни на нејзините собири.
Зборувајќи за опседнатоста на Трамп со големината, Обама ги раздели рацете една од друга, а потоа ги приближи, пред да погледне надолу и да глуми изненадување со гестот, што предизвика смеа кај публиката и ги шокираше корисниците на социјалните мрежи.