среда, 16 октомври 2024

Новороденчињата од Центар добија ваучери за педијатриски прегледи од клиниката Жан Митрев

Продолжи традиционалната активност со која Клиника Жан Митрев додели уште 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи за семејствата кои имаат новороденче во Општина Центар. Доделувањето ваучери за бесплатен преглед е дел од потпишаниот меморандум за соработка со Општина Центар, соопшти клиниката.

Објавено на

часот

Сподели

Бесплатниот преглед опфаќа целосен преглед на новороденчето од специјалист педијатар во клиниката Жан Митрев и советување на родителите за понатамошна нега. Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето, потребно е само родителите да одберат термин кој најмногу им одговара и да закажат преглед за своето бебе.

Целта за овие бесплатни прегледи е да се придонесе за безгрижен и здрав развој на новороденчињата и да ги советува родителите за понатамошниот правилен развој, велат од клиниката Жан Митрев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ