„Новороденото е на респираторна машина. Продолжува третманот, рано е дадеме некаква прогноза за последиците. Сè уште е во тешка општа состојба и е на респиратор“, изјави директорот на болницата, Реџеп Мемеди.
Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина во петокот при породување во кумановската општа болница. Новороденчето со екипа од болницата беше префрлено на Ургентниот центар на Детската клиника во Скопје. Јавното обвинителство ги чека резултатите од обдукцискиот наод, а истрагата ќе треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка.