Дека Милан ќе има проблеми кај Парма беше најавено уште во втората минута кога Ман постигна гол за водство на домаќините од 1-0.
Тој резултат беше актуелен до 66. минута кога Пулишиќ израмни и ја врати надежта на Милан дека може до победа.
Но, десет минути подоцна Канселиери погоди за ново водство на Парма, овојпат од 2-1, што беше и конечен резултат.
Parma 2-1 Milan | Matteo Cancellieri, assist by Pontus Almqvistpic.twitter.com/etSlDJGe8U
— PushGoals (@PushGoals) August 24, 2024
Во истиот термин Удинезе го совлада Лацио исто така со 2-1.