вторник, 8 октомври 2024

Новиот шеф на НАТО: Не гледам непосредна опасност од руско користење нуклеарно оружје

Новиот генерален секретар на западниот воен пакт НАТО Марк Руте изјави денес дека не гледа „непосредна закана“ од руско користење нуклеарно оружје, проценувајќи дека не треба да се попушта пред „заканите“ на рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не гледаме никаква непосредна закана од употреба на нуклеарно оружје“, кажа Руте на својата прва прес-конференција на новата функција. Тој додаде дека „нуклеарната реторика“ на рускиот претседател Владимир Путин е „непромислена и неодговорна“.

Истакна дека попуштање пред заканите на Путин би претставувало преседан дека со користење воена сила може да се добие она што се сака.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ