вторник, 22 октомври 2024

Новиот претседател на Аргентина прогласува вонредна состојба во енергетскиот сектор

Новиот претседател на Аргентина Хавиер Милеј вчера најави „итни мерки“ во енергетскиот сектор.

Објавено на

часот

Сподели

Кажа дека неговата влада ќе ја заостри контролата врз локалните регулатори на гас и струја во земјата и ќе настојува да дозволи раст на долго контролираните цени, пренесува Ројтерс.

Економистот кој дојде на власт ветувајќи дека со „моторна пила ќе го скастри трошењето на државата“, цели на субвенциите за енергија и транспорт кои минатата година ја чинеле владата околу 12 милијарди долари и ги држат сметките на луѓето на околу 15 отсто од вистинските трошоци.

Трошоците за енергија претставуваат предизвик за Милеј, кој ја презема функцијата овој месец. Тој вети дека ќе го сврти длабокиот фискален дефицит, но зголемувањето на сметките за енергија ќе ја поттикне инфлацијата која веќе се приближува до 200 отсто и ќе им нанесе штета на Аргентинците со две петтини од жителите во сиромаштија.

Владата во указот наведе дека ниските цени на енергијата довеле до недостиг од инвестиции во гасната и електричната мрежа, додавајќи дека ќе настојува да дозволи раст на цените во согласност со слободната пазарна конкуренција за да „гарантира континуирано снабдување“.

„Доколку не се преземат итни мерки, лошиот квалитет на услугата ќе се влоши на штета на корисниците“, се наведува во соопштението.

Во указот се наведува и дека владата ќе настојува да интервенира во државниот регулатор за електрична енергија ЕНРЕ и надзорниот орган за гас Енаргас од почетокот на 2024 година, при што владини функционери ќе ја прегледаат работата на ентитетите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ