понеделник, 14 октомври 2024

Новинарите не можат од агресивен маж да снимаат кај пожарот во Брвеница, ЗНМ бара реакции од институциите

Објавено на

часот

Сподели

До ЗНМ и денеска пристигна реакција од повеќе колеги новинари и медиумски работници кои во текот на овој ден биле спречени при вршење на професионална работа на јавен простор. Во текот на денешниот ден телевизиски екипи од повеќе медиуми и дописници од полошкиот регион се обиделе повторно да снимат инсерти од местото на настанот, но повторно истото лице со агресивен и остар тон им се обраќал на новинарите, па дури и физички се заканил кон нив и покрај присуството на полицијата.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го осудува овој инцидент и ќе го следи случајот.

„Бараме реакција и од општина Брвеница, која посочената депонија ја дала под концесија на приватен сопственик. Бараме и од МВР да се преземат конкретни мерки против лицето, со цел во иднина да не се случува попречување на правото на работа на новинарите и правото на информирање на граѓаните. Сакаме јасно да истакнеме дека односот кон новинарите и медиумите кои работат на терен е од критична важност за слободата на информирање и изразување во демократското општество. Насилството и спречувањето на новинарите да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо, не е во сообразност со демократските вредности и придонесува кон цензура“, се вели во реакцијата на ЗНМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ