петок, 13 декември 2024

Новинари ја прашаа Брнабиќ зошто не запалила свеќа за жртвите во Нови Сад

На прашањето на новинарка на Н1 зошто деновиве не отишла во Нови Сад да запали свеќи и да положи цвеќе за настраданите, претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ прво не сакаше да одговори, а потоа кажа дека тоа е нејзина лична работа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„И не се чувствувам како некој кој сака да одговори на тие прашања во овој момент, од сите луѓе“, кажа таа.

На прашањето зошто хулиганите со палки кои во одреден момент се придружиле на вчерашниот протест не се уапсени и зошто им било дозволено да прават немири, таа не одговори.

Претседателката на парламентот на Србија изјави дека сакаат и бараат целосна одговорност за сите – и кривична, и морална и политичка, кога станува збор за трагедијата на железничката станица, и дека, како што истакна, нема да има заштитени.

„Ќе инсистираме на тоа и нема да сопреме додека тоа целосно не се исполни. Сакам уште еднаш јасно и недвосмислено да го осудам насилството на кое сведочевме вчера во Нови Сад. Такви слики и глетки не ѝ служат на чест на Србија ниту на нашето општество“, кажа Брнабиќ.

Таа го осуди сквернавењето на знамето, уништувањето на приватниот и јавниот имот. „Да го осудам сето она што го видовме, од мокрењето на Градската куќа до цистерната со фекалии за некој да ја полева Градската куќа“, кажа таа и додаде дека ги осудува и оние кои „таквиот идиот не го спречиле“.

Наведе дека тоа не е само навреда, туку дека е загрозено јавното здравје на граѓаните на Нови Сад.

Им изрази длабока благодарност на илјадниците луѓе кои биле на тој собир бидејќи мислеле дека тоа ќе биде комеморативен настан, кои својата тага и болка сакале да ја споделат со своите пријатели.

„Сосема ми е јасно дека тие политички не се со партијата на која припаѓам, но да им се заблагодарам за тоа што не го поддржаа насилството, ви благодарам од срце“, додаде Брнабиќ.

„Институциите треба да ја работат, без притисок својата работа, да се знае кој згрешил и кој е виновен, и да одговараат за тоа. Нема да има заштитени, сите одговорни ќе одговараат. Србија ќе остане стабилна земја, насилството нема да се толерира, насилниците ќе бидат изведени пред правдата“, кажа поранешната српска премиерка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ