Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,406%, кај дизелот за 3,411%, кај екстра лесното масло за 2,757% и кај мазутот зголемувањето е за 2,692%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,118%
Од 17 февруари на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: еуросупер БС 95 – 83 (денари/литар), еуросупер БС 98 – 85,50 (денари/литар), еуродизел 79,50 (денари/литар), екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,50 (денари/литар), мазут М-1 НС 40,732 (денари/килограм).