недела, 6 октомври 2024

Нови 17 случаи на голема кашлица во Скопје, заразата сѐ побрзо се шири

За седум дена нови 17 случаи на голема кашлица се регистрирани во државава. Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, вели дека сите 17 новозаболени се од Скопје, а со нив вкупната бројка на заболени од голема кашлица се искачи на 39.

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела, заклучно со 8 февруари, Институтот за јавно здравје имаше регистрирано вкупно 22 случаи на заболени од голема кашлица.

Во Скопје од 8 февруари е прогласена епидемија на пертусис, а со воведените мерки се забранува невакцинирани деца да бидат примани во градинка, се проверува вакциналниот статус на децата до 14 години од страна на матичните лекари и на родителите им се вели да ги однесат во вакциналните пунктови за да примат вакцина. Секој нов сомнителен случај треба да се тестира и за позитивниот наод да се известат здравствените власти.

Лекарите предупредуваат дека бројот на заразени е далеку поголем имајќи предвид дека сите заразени не одат на лекар или не се тестираат, а дека заразата во регионот е уште попроширена што го зголемува ризикот од забрзување на епидемијата во Скопје, но и од ширење на болеста низ земјава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ