сабота, 30 ноември 2024

Новата тојота Ц-ХР пристигна во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Новата тојота Ц-ХР комбинира впечатлив стил, неповторливо возачко искуство и водечка ефикасност во класата со фокус на очекувањата на европските купувачи за врвен квалитет и одржливост. Инспириран од визијата за „концептен автомобил за патиштата“, таа останува верна на своето наследство со правење уште еден храбар чекор напред.

Објавено на

часот

Сподели

Култната купе силуета воведена уште од нејзиниот претходник сега дополнително е нагласена со поширок, посигурен став, зајакнат со остри карактеристични линии и ново ниво на дизајнерска софистицираност.

Со продажба од над 840.000 примероци во Европа од нејзиното претставување во 2017 година, оригиналната тојота Ц-ХР беше револуционерен Toyota модел кој ја насочи марката кон стилски освестената публика. Ова беше постигнато со неконвенционален дизајн и ентериер кој нуди софистицирано чувство со висок квалитет на изработка.

Новата тојота Ц-ХР е создадена специјално според очекувањата на европските купувачи, со стил создаден во Европа, како и развоен процес и производство на самото место.

Премиум дизајн и премиум функции,  како што се интегрираните рачки во вратите, кои за прв пат се нудат во модел на Toyota, динамичното внатрешно амбиентално осветлување со 64 бои и специјално дизајнираниот панорамски покрив- дел од холистичкото и персонализирано корисничко искуство кое го става клиентот во срцето на автомобилот.

Новата тојота Ц-ХР  носи уживање во возењето и самоуверено и тивко движење на патот со помош на иновативни технологии. Нејзината палета на хибридни електрифицирани и плагин хибридни електрифицирани погонски агрегати ја користи најновата хибридна технологија на Тојота од 5-тата генерација.

Освен со своите водечки перформанси на патот, новата тојота Ц-ХР го намалува своето негативно влијание врз животната средина преку воведување на рециклирани материјали и  материјали кои не се од животинско потекло, како и врвни технологии за намалување на тежината на автомобилот  и намалување на емисијата на СО2 во рамките на производниот процес.

Новата тојота Ц-ХР е дизајнирана да се истакне со својот препознатлив стил кој го зајакнува карактерот на култното купе со динамични линии и засечени површини кои потсетуваат на софистициран дијамантски дизајн,  се со цел да се постигне волшебно храбар изглед.

Верна на визијата за „концептен автомобил за патиштата“, новата тојота Ц-ХР нуди премиум стилски и технички решенија како што се интегрираните рачки во вратите, стилски елемент понуден за прв пат од Тојота.

Како иновација уште од првото појавување на пазарот, моделот ја има својата уникактна задна ЛЕД светлосна линија која го испишува името на моделот, која нуди динамична низа на светлосни ефекти за добредојде на возачот и патниците, но и за создавање возбудливо светлосно искуство при поаѓање. Сето ова е дел од елегантниот и импресивен дизајн на задниот дел на автомобилот. Овој храбар изглед е дополнително нагласен со новата двобојна каросерија, која е стандардна за повисоките нивоа на опременост. Вклучува црн покрив за да создаде елегантен и модерен изглед, додека опционалниот „билтон+“ оди понатаму со проширување на контрастната црна боја на задниот дел од автомобилот, обезбедувајќи впечатлив визуелен ефект.

Во внатрешноста, познатиот квалитет на тојота Ц-ХР е издигнат до нови височини благодарение на новите материјали во комбинација со модерни детали за да се создаде исклучително хармонично искуство во внатрешноста.

Тенката хоризонтална инструмент табла е совршено интегрирана со панелите на вратите и централната конзола за да ги прегрне патниците и да создаде топол и пријатен простор. Мултимедијалниот дисплеј е хармонично интегриран, а одредени нивоа на опременост вклучуваат и ЈБЛ звучници направени по нарачка со блескави решетки и врвен квалитет на звукот.

Зоната фокусирана на возачот обезбедува сите контролни елементи и информации за автомобилот  да бидат  интелигентно поставени така што возачот може да ги држи рацете на воланот и да не го одвојува погледот од  патот. Во зависност од нивото на опремата, достапен е и хедап дисплеј.

Во новата генерација на тојота Ц-ХР, капацитетот на багажникот исто така е зголемен во споредба со оној на неговиот претходник.

Уникатниот панорамски стаклен покрив, достапен на нивоата на опременост премиер едишн и ГР спорт, обезбедува чувство на леснотија и просторност. Користејќи иновативни премази кои пропуштаат помалку инфрацрвени зраци, ја одржува кабината топла во поладните денови и спречува прегревање при сончево време. Патниците сега можат да уживаат во повеќе простор благодарение на зголемувањето на просторот за глава за 3 cm.

Новата тојота Ц-ХР е дизајнирана да обезбеди јасно, интуитивно искуство за купувачите кои очекуваат нивниот автомобил да биде продолжение на нивната дигитална авантура. Развојниот процес фокусиран кон купувачите ги постави темелите за имплементација на практични функции за прилагодување и додавање на дополнителна вредност за корисникот.

Искуството започнува уште пред да се влезе  во автомобилот. Сценариото за „добредојде“ импресионира со стилското осветлување додека возачот се приближува, вклучително и неверојатна проекција на светлосниот потпис користен во претходната генерација.

Во внатрешноста, првиот систем за амбиентално осветлување на Тојота со 64 бои има задача да создаде  расположение кај патниците и да  помогне во нивната безбедност. Во текот на денот, директното и индиректното осветлување, вклучително и на инструменталната табла, се менува секој час од светли утрински нијанси до смирувачки вечерни тонови. Може да се избере една од 14 програмирани теми за да го одрази расположението при секое патување. Осветлувањето е исто така синхронизирано со системот за климатизација, користејќи потопли бои кога се загрева кабината или поладни кога температурата се намалува. Безбедноста се подобрува и преку осветлувањето што се користи за визуелно истакнување на предупредувањата како што се асистентот за безбедно излегување од автомобилот  и  системите за проактивната помош при возење.

Новата тојота Ц-ХР сега е стандардно опремена со 12,3-инчен дигитален дисплеј во инструмент таблата. Распоредот на информациите на дисплејот дава приоритет на оние најкритичните, како што се поставките за брзина и асистенција за возачот, но исто така и може да се приспособат и според желбите на возачот. Дисплејот  може да се менува врз основа на четири теми и три  прилагодливи распореди на инструментите, со помош на  контрола на управувачот со еден допир.

Во споредба со својот претходник, новата генерација користи двојно повеќе рециклирана пластика, која сега може да се најде во повеќе од 100 различни делови. Ова вклучува 19 делови кои се состојат од најмалку 80% рециклиран материјал.

Освен внатрешните пластични делови направени од рециклирани материјали,  исто така и тапацирот за седиштата е изработен од рециклирани пластични шишиња, врз основа на процес кој првпат го користеше Toyota. Опсежната анализа и тестирање гарантира дека изгледот, чувството и издржливоста на рециклираните материјали на новата тојота Ц-ХР се исти или подобри од порано.

Емисиите на CO2 за време на производството дополнително се намалуваат преку нов процес на бојадисување на деловите од браниците, каде се користи боја на база на вода за помало влијание врз животната средина во рамките на автоматизиран процес кој исто така користи помалку материјал во целина.

Со премин од природна кожа кон синтетичка обвивка на воланот од материјали од неживотинско потекло, новиот материјал го нуди истото и дури и  подобро чувство од природната кожа и е вклучен како стандардна опрема на сите нивоа на опременост.

Преку иновативниот дизајн и технологија, превземени се дополнителни мерки за намалување на тежината на одредени делови, а со тоа се намалува потрошувачката на гориво и влијанието врз животната средина.

За прв пат во Европа, новата тојота Ц-ХР користи челик со висока цврстина од 2000 MPa, од кој се направени Б столбовите. Ова помага да се постигне многу висока отпорност на каросеријата, притоа намалувајќи ја тежината на компонентите за 3,5 kg.  На овој начин CO2 емисиите во текот на производниот процес се намалуваат за 10%.

Во срцето на новата тојота Ц-ХР е најновата петта генерација на хибридна технологија на Тојота за постигнување на водечка рамнотежа помеѓу моќта и ниските емисии.

Новата палета нуди избор од четири електрифицирани погонски единици, нагласувајќи го инклузивниот мулти-технолошки пат на Тојота кон  јаглеродна неутралност. Тојота верува дека на купувачите им се потребни различни достапни и практични опции на возила за да се забрза темпото на намалување на CO2 денес и да се обезбеди успешна транзиција кон мобилност со нулта емисија во иднина.

Новата палета мотори на тојота Ц-ХР ги вклучува верзиите Hybrid 140кс, Hybrid 197кс и Hybrid 197кс AWD-i  како и Plug-in Hybrid 223кс.

Hybrid 140 има исклучително ефикасен мотор од 1,8 литри и нуди моќност од 140 К.С. За уште повозбудливо возачко искуство, Hybrid 200 се потпира на моќта и ефикасноста на 2.0-литарскиот мотор и има 197 К.С. , и вртежен момент од 190 Nm.

Варијантата Hybrid 200 AWD-i внесува доверба во движењето на автомобилот со својот систем за погон на четири тркала. Компактниот електричен мотор-генератор со висок вртежен момент на задната оска е усовршен за да понуди поголема моќност и вртежен момент. При различни брзини и услови на патот, овој погон обезбедува подобра влечна сила и стабилност при стартување, попрецизно управување во свиоци како и поголема самодоверба при возење на лизгави површини.

Сите погонски единици се подобрени за да ги исполнат очекувањата на европските возачи. Оптимизирана е реакцијата на педалата за гас, со цел подиректно и постојано чувство на забрзување. На нерамни патишта, новиот систем за движење на нагорнина го менува забрзувањето во зависност од наклонот на теренот за поприродно и полесно управување. За да се постигне поголема удобност, вртежите на моторот за време на возењето на автопат се намалува до 500 вртежи во минута. На овој начин, новата тојота Ц-ХР е водечка во својата класа во однос на акустичната удобност, потпомогната од оптимизирана аеродинамика, придушувањето на вибрациите и звучната изолација.

Новата литиум-јонска батерија со голема моќност, поставена под задното седиште, е покомпактна и тежи 1,5 kg помалку од претходната, и обезбедува 14% повеќе моќност.

Plug-in Hybrid 223кс има 2.0-литарски мотор и нуди најдобро возачко искуство во својата класа благодарение на својата двојна ДНК. Обезбедува жива динамика и удобно возење на вистински електричен автомобил за секојдневни патувања, со целосно електричен досег до 66 km (WLTP,комбинирано), како и водечка во класата ефикасност и флексибилност на хибридниот електрифициран погон за подолги патувања.

Усовршената платформа Toyota New Generation Architecture (TNGA) обезбедува поголема отпорност на целата каросерија, а истовремено е полесна благодарение на интелигентната употреба на материјалите. Новата тојота Ц-ХР се надградува  на возбудливата управливост на оригиналниот модел со нов систем за потпирање кој има поцврсти и полесни компоненти.

За прв пат во автомобил на Тојота во светски размери се применува  технологијата “Frequency sensitive control”-FSC   за да се подобри управувањето и удобноста. Интегрирана во моделите тојота Ц-ХР Plug-in хибрид, GR SPORT и Premiere Edition, хидромеханичкиот систем ја зголемува силата во амортизерите со цел да обезбеди супериорна контрола на каросеријата при навалување, како и одржување подобра контрола при влегување во свиоци. Сето ова влијае на подобрување на удобноста при возењето.

Новата палета на тојота Ц-ХР вклучува две премиум нивоа кои нудат највисока опременост и стил. И двете доаѓаат станадардно со впечатлива нова двобојна каросерија.

Специјалните серии кои вклучуваат премиум опрема и неверојатна нова „битон+“ шема на бои.

ГР спорт доаѓа со  19-инчни тркала, хедап дисплеј и ГР спорт детали во дизајнот.

Premiere Edition вклучува панорамски стаклен покрив, впечатлива нова препознатлива боја и хедап дисплеј.

Без оглед на нивото на опременост, новата тојота Ц-ХР им ветува на европските купувачи повеќе стил, динамика и ефикасност. Ја отвора следната страница во историјата на моделите на Тојота и зазема важно место во портфолиото на Toyota ширум светот.

Новата тојота Ц-ХР е веќе достапна во продажниот салон на Toyota Авто Центар. За повеќе информации посетете ја веб страната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ