Концептот е најава за сериски кросовер модел кој ќе го замени актуелниот електричен иХ3, инаку базиран на конвенционалниот Х3.
Планот е новиот модел да почне со производство во 2025 година, а БМВ тврди дека овој концепт е во значителна мера усогласен со идниот сериски модел.
Во внатрешноста доминира големиот екран на мултимедијалниот систем, а ново е тоа што автомобилот ќе има голем „хедап“ дисплеј кој ќе се протега по целата ширина на ветробранското стакло.
Однадвор автомобилот е класичен кросовер, со современ дизајн. Она што највеќе плени е најавата за враќање на значително потенките, класични „бубрези“ на БМВ на предната решетка.
Се очекува серискиот вижн ноје класе Х да го замени електричниот иХ3, додека Х3 со бензински, дизел или хибриден мотор ќе добие сопствен наследник.
Новиот концепт официјално ќе биде претставен на годишната конференција на БМВ групата на 21 април.