среда, 11 декември 2024

Нова бензинска станица на „Макпетрол“ на автопатот кон Грција

Од денеска на автопатот „Пријателство“, кај Мрзенци, почна со работа новата бензинска станица на „Макпетрол“. Новиот објект, изграден според највисоките технички и безбедносни стандарди, ќе работи 24 часа, седум дена во неделата. Со оваа инвестиција, компанијата продолжува со проширување и со подобрување, како на понудата, така и на услугите за потрошувачите.

Објавено на

часот

Сподели

На современата бензинска станица на автопатот кон Грција се достапни квалитетните ULTRA горива на „Макпетрол“. Се работи за нова генерација на овие горива што е базирана на Dual Action Technology. На бензинската станица потрошувачите можат да купат горива од 95 и од 100 октани, дизел, како и ТНГ (течен нафтен гас) и AdBlue. Гасот за моторни возила ЦНГ (метан) нема да биде достапен на оваа локација. Во продажниот објект на бензинската станица, пак, има широк избор на производи од дополнителниот асортиман.
Реализирајќи ги своите стратешки приоритети, „Макпетрол“ континуирано ги обновува бензинските станици и инвестира во нови, модерни, објекти. Како најголем дистрибутер на нафта и нафтени деривати во земјава, компанијата редовно ја подобрува и осовременува мрежата на услужни објекти. Тоа е уште една потврда дека „Макпетрол“ е посветен на обезбедување врвна услуга и квалитет за верните потрошувачи.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ