Првиот сет беше изедначен, двајцата тенисери играа на високо ниво, при 5-4 Новак Ѓоковиќ успеа да го земе сервисот на Мусети и да го добие сетот со 6-4.
Вториот сет почна со четири брејка, потоа Ѓоковиќ зема уште два сервиси на противникот, го доби сетот со 6-2 и дојде до големата победа.
Во финалето Ѓоковиќ ќе игра со Алкараз кој претходно убедливо го совлада Оже-Алијасим.
Српскиот тенисер има загарантирано сребро, но сигурно гори од желба да го освои златото на Олимписки игри.