вторник, 18 март 2025

Нова средба меѓу Русите и Американците, овој пат во Турција (ВИДЕО)

Разговорите меѓу Русите и Американците за работата на дипломатските мисии започнаа во четвртокот наутро во Истанбул, во контекст на сè поголемото зближување на Москва и Вашингтон по изразената желба за решавање на конфликтот во Украина.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Оваа средба зад затворени врати, предводена од руски и американски дипломати во резиденцијата на американскиот генерален конзул, е втора средба меѓу претставниците на двете сили, по онаа што се одржа на 18 февруари во Саудиска Арабија.

Руското Министерство за надворешни работи објави кратко видео од пристигнувањето на руската делегација во црно комбе.

Првите руско-американски разговори од почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година дојдоа неколку дена по телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, кој стави крај на политиката на изолација што Вашингтон и Западот ја водеа три години.

Во тој процес, Русите и Американците рекоа дека сакаат да ги обноват своите билатерални односи, поради што Киев и европските сојузници стравуваат дека ќе бидат изоставени од решението на конфликтот во Украина.

По разговорите, Сергеј Лавров и неговиот американски колега Марко Рубио изјавија дека сакаат да го вратат нормалното функционирање на амбасадите и конзулатите, по повеќегодишното протерување на претставници од меѓусебните дипломатски претставништва.

Покрај оваа тема, Москва и Вашингтон најавија дека работат на повторно воспоставување на економска и енергетска соработка, особено на Арктикот и во вселената.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ