четврток, 12 декември 2024
Случајот се истражува

Нов обид за ликвидација на Раде Штекли, фрлена е бомба во двор во Ќерамидница

Денеска во утринските часови била фрлена бомба во двор во скопската населба Ќерамидница. Како што неофицијално се дознава, повреден е Раде Трајковски – Штекли. Во 2021 година Штекли беше уапсен во Белград поради тогашното поврзување со убиство извршено во Македонија. За него имаше распишано и меѓународна потерница. Кон Штекли лани во април во трговскиот центар Ист гејт мол, беа регистрирани два обид за негова ликвидација. Можно е ова да е нов обид за негово ликвидирање, но полицијата работи на случајот и детали засега не се откриваат.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во дворно место во населба Ќерамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Пред шест години името на Раде Трајковски викан Штекли се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Но подоцна осомничен и обвинет беше Филип Секуловски- Кобра.

Лани на крајот од август, Штекли беше повторно мета во Ист гејт мол. Но, тогаш го спаси блендираниот автомобил во кој се возел.

Пукањето од страна на засега непознати лица, чие возило потоа е најдено запалено кај езерото Треска, се толкува како порака што одредена криминална група сака да ја испрати. Штекли не се поврзува со последните мафијашки убиства, но многу индиции водат кон криминалната група „Барон“.

На социјалните мрежи по претходниот обид за ликвидација Штекли објави фотографија од времето на неговото лекување. На фотографијата можеа да се видат преврските во пределот на неговиот граден кош по здобиените повреди од нападот. Тоа беше втор обид за ликвидација на Штекли.

Случајот со денешната експлозија по која тој заврши во болница се истражува.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ