понеделник, 14 октомври 2024

Нов изглед на Жито лукс

Со нови бои, ново лого и нов, модерен дизајн на сите пакувања, Жито лукс го претстави својот нов визуелен идентитет. Унапредувањето на постоечкиот изглед на брендот e одлука на компанијата направена по низа испитувања на мислењето на потрошувачите и нивната перцепција за брендот.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Огромен е предизвикот да се направи промена, посебно кога се работи за етаблиран бренд со долга традиција и голем успех на пазарот. Но, времињата со себе носат потреба за промени на сите полиња. Покрај низата инвестиции со кои Жито лукс во последните неколку години работи на подобрување и унапредување на производниот процес и на квалитетот на производите, беше потребно тие промени да бидат поддржани и со модернизација на сопствениот изглед со што би се зајакнала и перцепцијата на купувачите, посебно на помладите генерации за брендот”, изјави генералниот директор на Жито лукс , Димитрис Плакуцис.

Боите и формите на новото лого ги поврзуваат двата извори на живот, сонцето и лебот, а неговата динамика го отсликува стремежот на компанијата за постојано движење во насока на позитивни мали и големи промени што дополнително ќе овозможат раст, развој и просперитет.

Енергијата што зрачи од новите пакувања има за цел дополнително да го нагласи врвниот квалитет на производите на Жито лукс како предуслов за создавање задоволни и лојални потрошувачи.

„Во сите елементи што го отсликуваат нашиот нов визуелен идентитет сакавме да ја нагласиме симболиката, но и да ја задржиме традицијата што се гради веќе 78 години од многу генерации кои со својата работа и труд успеаја од Жито лукс да создадат лидер во мелничко-пекарската индустрија”, велат од Жито лукс.

Новиот изглед, како и идните развојни планови, компанијата ги претстави пред новинари, креатори на јавното мислење, вработени и дел од потрошувачите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ