петок, 24 јануари 2025

Нов граничен премин кој ќе минува низ тунел ќе ги поврзува Македонија и Албанија

Албанија и Македонија ќе бидат поврзани со нов граничен премин, што ќе го создаде изградбата на коридорот 8, чии работи продолжуваат од двете страни истовремено, објави албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.

Објавено на

часот

Сподели

„Додека ние градиме во правец на Северна Македонија, таа гради во правец на Албанија, за да се спојат на мостот кај Буштрица, каде воедно ќе биде и новиот граничен премин, кој ќе биде преку тунел“, наведува Балуку.

По увидот на работите што се изведуваат од третата фаза од целосната реконструкција и проширување на патниот правец Елбасан – Граничен премин Ќафасан, таа наведува дека проектот предвидува изградба и на два моста долги 200 метри кои ќе бидат поврзани со тунел.

Изразувајќи задоволство од динамката на изведување на работите потсетува дека патот Елбасан-Ќафасан е од категоријата Б, со четири ленти, по две од секоја страна, со разделници и сите параметри на патот, и со минимална брзина на движење од 110 километри на час.

Ако до сега за минување на патот од Ќафасан до Елбасан долг 50 километри беа потребни 1 час и 30 минути, оваа оддалеченост ќе се минува за само 35 минути.

Проектот почна да се реализира во декември 2022 година а во јуни годинава дел од овој патен правец, на кој е поставена и потребната патна сигнализација, беше пуштен во употреба за сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ